Британскиот нафтен гигант „Шел“ соопшти дека ги продава сите сопственички акции што ги има покренато со руската компанија за гас „Газпром“, како и раскинување на деловните врски со Русија поради „неразумната“ инвазија врз Украина.

„Шел“ денеска соопштио дека го продава своите 27,5 проценти од акциите во руска инсталација за течен природен гас, како и оти излегува од проектот „Сахалин 2“ во кој „Газпром“ има половина од сопственоста.

Компанијата се повлекува и од гасоводот „Северен ток 2“ што требаше да ги усвои испораките на руски гас за Германија, но и властите во Берлин ги стопираа постапките за издавање дозволи поради руската интервенција во Украина.

„Шел“ најави и продажба на 50-процентната сопственост во две нафтни полиња на Сибир, во рамки на проектот „Салим“ со „Газпром“ како косопственик. „Салим“ и „Сахалин 2“ на „Шел“ само минатата година му донесоа заработка од нето 700 милиони долари.

„Шокирани сме и згрозени од човечките жертви во Украина, последица на неразумниот чин на агресија што и се заканува на ењвропската безбедност“, изјави Бен ван Бурден, извршниот директор во „Шел“.

Одлуката за стопирање на деловните врски со Русија е прашање на „убедување“, вели тој.

„Не можеме, и нема да стоиме настрана. Наш непосреден фокус е безбедноста на нашите луѓе во Украина, како и поддршката на нашите луѓе во Русија. Во разговори со владите од цел свет ќе ги разгледаме импликациите и ќе разработиме деловни чекори за сигурно снабдување на европскиот и светскиот енергетски пазар, појаснува Бурден.

„Шел“ соопшти дека вредноста на неговите проекти во рамки на партнерството со „Газпром“ изнесува околу три милијарди долари, како дека се очекуваат зголемени загуби веќе во текот на годинешните деловни пресметки.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лис Трас, утрово го спомна „Газпром“ како една од трите милиони руски компании кои поради новите санкции кон Русија нема да имаат пристап на британскиот финансиски пазар. Тоа значи дека „Газпром“ наредниот период тешко ќе ги рефинансира своите долгови.

Таквите деловни потези на „Шел“ следуваат откако претходно конкурентниот „Бритиш петролеум“ соопшти дека се откажува од 25-милијарди вредниот удел во „Роснефт“ како и од две места во управниот одбор на руската нафтена компанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.