Британското Министерство за одбрана соопшти дека сè уште не е јасно како Русија ќе го постигне најавеното големо зголемување на своите вооружени сили, но истовремено, Британците порачуваат дека дури и да има такво зголемување тоа нема значително да ја зголеми руската борбена моќ во Украина.

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата недела потпиша декрет за зголемување на бројот на руските вооружени сили од 1,9 на 2,04 милиони припадници, во време кога војната во Украина влегува во седмиот месец.

Британското Министерство за одбрана во својот редовен извештај за состојбата во Украина оценува дека не е јасно дали тоа ќе се постигне со регрутирање на повеќе доброволци или со зголемување на регрутирањето.

Во секој случај, веројатно нема да има големо влијание врз војната во Украина имајќи предвид дека Русија загуби десетици илјади војници; многу малку нови војници со договор се регрутираат; а на редовните регрутите не им е дозволено да служат надвор од руската територија – објави британското министерство на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.