Британското министерство за одбрана објави нов извештај за состојбата во Украона, базиран врз разузнавачки податоци.

Во извештајот се наведува дека руските сили продолжуваат да ги концентрираат своите напори кон заземање на целата територија на Донбас и дека во следниот период може да се очекува дека градовите Краматорск и Констјантиновка да бидат главна цел на руските напади.

Продолжениот украински отпор во Мариупол, во моментов врзува значителен број руски трупи и опрема, коишто не може да бидат префрлени на други боишта – се вели во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.