Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку Мајкрософт тимс со лажен повикувач кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за Скај њуз го бранел Валас.

Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската, вели Хепи.

Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.

Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили кои постигнаа минимален напредок оваа недела, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.