Ординација во cеверна Англија, по грешка на своите пациенти им испратила порака со известување за рак на белите дробови и со метастази наместо божиќно-новогодишна честитка.
Како што објави британски „Сан“, пациентите на ординација во Аскерн, близу Донкастер, добиле СМС-пораки со дијагноза за рак и формулар, со „Ви благодарам!“ на крајот. По околу 10 минути добиле порака: „Претходната порака Ви е испратена по грешка. Нашата порака требаше да гласи: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова година!“
Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја споделиле на социјалните мрежи.
Еден од тие што добиле ваква порака, Крис Рид, за британскиот весник вели дека по вознемирувачката порака се обидел и да ги повика лекарите, но линијата била зафатена. На крајот отишол во ординацијата каде што лекарите му рекле дека тој, всушност, нема рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.