Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за состојбата на фронтот во Украина.

Во извештајот се наведува дека за првпат по неколку недели, руските сили постигнале „мал напредок“ околу североисточниот град Харков.

Британските разузнавачи посочуваат дека руските сили сè уште се главно фокусирани на освојувањето на Северодонецк.

Проценуваме дека Русија ќе ги зголеми трошоците за армијата за 600-700 милијарди рубљи, што е зголемување за околу 20% на рускиот одбранбен буџет. Зголемените трошоци за војската и овозможуваат на воената индустрија полека да се мобилизира за да ги исполни барањата на војната во Украина – се вели во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.