Најмалку 500 британски војници се испратени на Кипар во тајност, вели извештај што го откриваат британски медиуми.

Владата на Обединетото Кралство претходно објави дека 1.000 војници се распоредени за поддршка на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, но нивната локација остана непозната.

Сепак, писмото на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Хепи до член на парламентот открива дека 500 од тие војници биле испратени во британските бази во Кипар, на околу 370 kilometri од Појасот Газа. Во писмото, исто така, се наведува дека војници се испратени во Египет, Израел и Либан, но бројот на војниците не е наведен.

На ваквите извештаи, кипарскиот претседател, Никос Христодулидес, негираше дека неговата земја се користи за давање воена помош за Израел.

Немам такви информации. Нашата земја не може да се користи како база за воени операции“, изјави Христодулидес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.