Обединетото Кралство се приклучува на иницијативите за контрола на пазарот на криптовалути.  Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот парламент објави извештај во кој на владата и се препорачува да го регулира и означи тргувањето со криптовалути како игра на среќа.

Доколку предлогот биде прифатен, властите ќе можат да ги оданочат сите трансакции направени во согласност со Законот за коцкање. Се разбира, сè ќе помине под образложение дека станува збор за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, а членови на парламентот дури тврдат дека иновациите „ќе го поттикнат развојот на индустријата“.

Но, претставниците на самата индустрија имаат поинакво мислење. Британската асоцијација за тргување со криптовалути „CryptoUK“ внимателно забележува дека извештајот е целосно во спротивност со минатогодишната понуда на Министерството за финансии да ја трансформира Велика Британија во „Светски технолошки центар за крипто средства“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.