Жена две години ја мамела својата партнерка дека е маж. Ваков бизарен случај беше претставен пред судот во Кембриџ во вторникот. Како што пренесува британски „Телеграф“, 40-годишната Блејд Силвано е обвинета дека извршила софистицирана измама за да ја убеди својата партнерка дека е маж.

На судењето било кажано дека Силвано и нејзината партнерка се запознале во 2016 година преку интернет-страница за барање на романтични партнери, двапати имале секс и разговарале за брак.

Се верува дека Силвано ја пенетрирала партнерката со „непознат предмет“ и дека не ја соблекувала маицата и боксерките за време на сексуалниот однос. Таа наводно ја принудувала партнерката да носи превез на очите за време на сексот и не ѝ дозволувала да ја допира.

По две години, партнерката на обвинетата, која на Силвано за време на рочиштето му се обраќаше со „тој“, преку „Фејсбук“ дознала дека Силвано всушност е жена.

Можев слободно да ги движам рацете, да го допрам неговиот грб и пределот околу ребрата. Но, никогаш не смеев да ги ставам рацете под неговата кошула или неговите боксерки. Кога и да пробав ќе ме оттурнеше. Користеше секс играчки врз мене, друго не ми беше дозволено, изјавила партнерката на обвинетиот.

Додаде дека Силвано ѝ кажала дека се презива Мендез и дека не се согласила на врска со жена. Во текот на рочиштето, наводната жртва го отфрли тврдењето дека таа и Силвано „играле улоги“ и дека станувало збор за „исполнување на секс-фантазија“.

Силвано, пак, ги негираше обвинувањата дека двапати насилно продрела во партнерката. Таа рече дека со партнеркат комуницирала исклучиво преку видео повици и СМС пораки и дека никогаш лично не се сретнале, што пак беше демантирано од тужителката.

Поротниците слушнаа и дека Силвано и нејзината партнерка планирале венчавка, но одбраната рече дека сето тоа било дел од играњето улоги. Партнерката на обвинетата пред судот изјавила дека отишла да проба венчаница и дека фотографијата на која е во неа му ја испратила на Силвано.

Судењето продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.