Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, ја предупреди Кина дека ако не постапува според глобалните правила, ќе запре нејзиниот подем како суперсила.

Во исто време, Трас порача дека Западот треба да се погрижи Тајван да може да се брани од каков било напад, пренесе Ројтерс.

Повторувајќи го повикот за зајакнување на НАТО, Трас изјави дека земјите мора да ги почитуваат правилата, а тоа ја вклучува и Кина.

Таа истакна дека понатамошниот подем на Кина не е несомнен.

Тие нема да продолжат да растат ако не се почитуваат правилата. На Кина и треба трговија со Г7. Ние од групата Г7 претставуваме околу половина од глобалната економија и имаме избор.

Во случајот со Русија, покажавме какви избори сме подготвени да направиме кога ќе се прекршат меѓународните прописи – изјави британската министерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.