Кога Велика Британија пред една година одлучи дека повеќе не сака да биде членка на Европската Унија, официјален Лондон го претстави договорот за Брегзит како одлука која ќе го подобри квалитетот на животот на обичните Британци. Сепак, напуштањето на ЕУ, кое се уште не е целосно административно завршено, прилично ги погодуваат обичните граѓани.
Имено, веќе неколку денови во евротунелот под Ла Манш владее неопислив хаос. Илјадници британски граѓани и туристи чекаат со часови да ја поминат француската граница и да влезат во ЕУ, чиј член повеќе не се.
Десетици илјади очајни и шокирани луѓе чекаа и до седум часа да поминат низ пристаништето Довер каде што француската полиција проверува дали имаат визи за патување во Унијата.
Француските власти за метежот го обвинуваат недостигот од персонал на контролните пунктови, но британските медиуми тврдат дека целиот хаос го „подмачкал“ шефот на француската гранична полиција, кој важи за голем противник на Брегзит.
Фернанд Гонтие е обвинет дека намерно не стационирал доволно луѓе во Довер кои би помогнале да се олесни преминувањето на Британците.
Британската влада, наводно, размислува за слични мерки против сопствениците на пасоши на ЕУ кои влегуваат во Обединетото Кралство, но одлуката е одложена додека новиот премиер не ја преземе функцијата.
Поригорозните проверки на британските пасоши по Брегзит предизвикаа просечното време на обработка од страна на француските официјални лица речиси тројно да се зголеми, од околу 25-30 секунди на помеѓу 70 секунди и три минути.
Долгото чекање пред тунелот, во комбинација со хаосот на аеродромите кој со денови владее поради недостигот на персонал, отпуштен за време на пандемијата, го прават одењето на летните одмори вистински „кошмар“ за Британците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.