Британскиот секретар за одбрана Бен Валас оцени дека Русија се соочува со „голем предизвик“ да влезе во поголемите градови на Украина, каде вооружените сили и цивилите веројатно ќе ги одбијат непријателските трупи што се приближуваат преку сите достапни средства, јави Би-Би-Си.
Валас вели дека е дел од руската воена доктрина да се опколуваат големите урбани центри и „недискриминирачки“ да се бомбардираат, за на крајот да се затвори „населението што тие се надеваат дека ќе го разбијат и ќе го преземат она што останало“.
Но, тој вели дека географската големина на Украина и нејзиното големо население од 44 милиони би ја направило окупацијата од Русија „многу тешка“.
– Тогаш ќе почнат да се трупаат вистинските жртви, изјави тој за Би-Би-Си, наведувајќи го искуството на Русија во Чеченија, Советскиот Сојуз во Авганистан – и Западот во Ирак.
– Да се изврши инвазија на земја со огромна сила е една работа, да се окупира 44-милионски народ, кој не ве сака во неа, е сосема поинаква работа, тврди британскиот министер.
Тој ја отфрла опцијата НАТО да воведе зона на забранети летови, велејќи дека секој судир што произлегува од кршењето на зоната од страна на Русија „може да доведе до војна во Европа“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.