Британското министерство за одбрана објави извештај во кој се наведува дека руските сили во Украина се потпираат на ракети од времето на Студената војна кои би можеле да имаат „сериозни“ последици за цивилите, поради тоа што им се потрошило модерното оружје.
Во извештајот се наведува дека застарените ракети Kх-22 од 1960-тите се исклучително опасни бидејќи се „многу непрецизни и затоа можат да предизвикаат сериозни колатерални штети и последици“.
Русија веројатно користи тешки противбродски ракети бидејќи и снема попрецизни современи ракети – се вели во британскиот извештај.
Британското министерство не прецизира каде точно се распоредени ваквите проектили, кои имаат дострел од околу 1.000 километри.
[Тие] првенствено се дизајнирани да уништуваат носачи на авиони користејќи нуклеарна боева глава. Кога се користат во копнен напад со конвенционална боева глава, тие се многу непрецизни и затоа можат да предизвикаат значителна колатерална штета и цивилни жртви.
Русија веројатно прибегнува кон такви неефикасни вооружени системи бидејќи ѝ недостигаат попрецизни модерни ракети, додека украинската противвоздушна одбрана продолжува да ги одвраќа нивните тактички авиони од напади низ поголемиот дел од земјата – заклучува британското Министерство за одбрана.
Украинските власти не ја потврдија употребата на ракети од 5,5 тони, додека Русија традиционално не ги коментира западните воени извештаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.