Здравствените власти во Брисел најавија дека се пред затворање на центрите за вакцинација против Ковид во градот. Се прецизира дека луѓето кои сакаат да се имунизираат можат да одат во аптеки или кај лекари и медицински сестри.
Одлуката е поврзана со добрите податоци за морбидитетот и состојбата на здравствениот систем. Се известува дека бројот на луѓе кои сакаат вакцина постојано се намалува. Досега во главниот град функционираа четири центри за вакцинација, а само еден ќе продолжи со работа до март следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.