Бразилскиот министер за надворешни работи, Карлос Франка, во Обединетите нации изјави дека Бразил сака да купи што е можно повеќе дизел гориво од Москва.
Франка ја окарактеризира Русија како стратешки партнер и нагласи дека неговата земја се соочува со недостиг на дизел гориво потребно за земјоделството и возачите.
Затоа баравме многу сигурни добавувачи на дизел, а Русија е една од нив – изјави министерот коментирајќи ја изјавата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро дека Бразил и Москва постигнале договор и оти руско дизел гориво ќе почне да пристигнува во следните 60 денови.
Болсонаро претходно им порача на своите приврзаници дека Бразил ќе го добие горивото „поевтино“.
Русија продолжува да тргува со целиот свет – нагласи Болсонаро.
Франка подвлече дека двете земји се партнери во групата БРИКС, а Бразил се потпира на Русија и Белорусија и за снабдување со ѓубрива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.