Чарлс Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана, во интервју за Би-би-си, изјави дека смета дека медиумското внимание што го претрпела неговата сестра е многу поопасно од вниманието кое сега го има Кејт Мидлтон, принцезата од Велс.
Ако се навратиме на 1997 година и на смртта на Дијана, мислам дека беше многу шокантно. Околностите на нејзината смрт беа толку шокантни што ги натераа папараците навистина повнимателно да размислат што смеат, а што не смеат, рекол Чарлс.
Сепак, тој рече дека е „загрижен за тоа што се случило со вистината“ поради многуте теории на заговор околу актуелната принцеза од Велс.
Да потсетиме, изминатиов период сите се прашуваат што се случува во британското кралско семејство. Имено, како што пренесе „Ју-ес викли“ Кејт Мидлтон не е видена од нејзиниот најблизок персонал, нитy знаеле што се случува со здравјето на принцезата. Последниот момент во јавност таа го имаше на Божиќ, по што беше оперирана на абдоменот во средината на јануари.
Пред седум дена таа објави фотографија со своите деца за да го честита Денот на мајката на сите мајки во Велика Британија. Но, јавноста и медиумите заклучија дека сликата е монтирана и беа пронајдени еден куп грешки. Никој не знае што навистина се случува со принцезата, а на интернет кружат многу теории на заговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.