Поранешниот премиер Борис Џонсон денеска се врати во Велика Британија, откако го прекина одморот на Карибите за да влезе во трката за замена на Лиз Трас за лидер на Конзервативната партија, јавија британските медиуми.

Според нив, тоа би означило храбар обид на Џонсон да се врати на власт.

Тој ја напушти функцијата на почетокот на минатиот месец, откако десетици оставки од неговата влада по голем број скандали доведоа до негово заминување.

Медиумите во Британија пишуваат дека тој има намера повторно да се канидира за премиер на Велика Британија и да биде првиот лидер по Винтон Черчил на кој тоа му успеало.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.