Во средата Русија гранатираше 118 украински населби, што беше најмасовниот напад врз Украина оваа година, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност и дека другите кризи нема да го одвлечат вниманието на Европа од Украина.
„Нашата поддршка продолжува се додека е потребно“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.
Војната со дронови продолжи. Во напад на руски дрон опожарена е рафинеријата за нафта во Кременчук во централна Украина, поради што во три села е прекинато снабдувањето со електрична енергија.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Киев трпи порази и покрај тоа што НАТО го снабдува со нови видови оружје.
Шојгу рече дека групата руски војници продолжува да спроведува активна одбрана и ефективно да нанесува штета на непријателот.
Јужнокорејската разузнавачка служба се сомнева дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од милион артилериски проектили и друго оружје во околу 10 пратки од почетокот на август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.