Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

– Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила, рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.

Борел, исто така истакна дека Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.

– Ова е важно бидејќи сè ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор, потенцира Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.