Европската Унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави за „Ал Џезира“ високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хозеп Борел.
Тој ја даде изјавата по најавата на САД за нови санкции против Русија, коишто вклучуваат и забрана за увоз на руски енергенси.
Нема да забраниме увоз на руска енергија. Не го следиме Бајден по ова прашање – изјави Борел.
Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.
Борел исто така истакна дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ.
Тој нагласи дека Украина не претставува закана за Русија, а ЕУ „нема да го турка Киев во војна со Москва“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.