Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови.

Русија ги напаѓа Киев, Харков, Запорожје, Лавов и други украински градови, а го наруши и воздушниот простор на Молдавија. Бомбардирањето цивилни цели е воено злосторство и нема да остане неказнето. ЕУ ќе и помогне на Украина да се одбрани додека не победи. Ние стоиме со Украина, напиша Борел на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.