Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.
Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.
Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.
Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше.
Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина.
Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.