Членовите на Азов гобјавија најнови фотографии од челичарницата Азовстал, на кои се гледаат тешките услови во кои моментално живеат, со барање до меѓународната заедница за помош, но и порака дека нема да се предадат. „

Цивилизираниот свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да реагира! Во целосно нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилизирани завои, без потребните лекови, па дури и храна. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да ја покаже хуманоста и војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката Азовстал ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на сопственото здравје и животи.

Тие прашуваат дали Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат и грижат за нив?“.

Нема да се предадеме, предавањето значи смрт-порачаа оттаму.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.