Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска од Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај.

Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз – изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.