Командант на баталјонот „Восток“ на воените сили на Доњецката Народна Република, Александар Ходаковски, објави дека украинските сили, припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“ и странските платеници кои се кријат во индустрискиот комплекс „Азовстал“ се целосно опкружени и во сериозни тешкотии.
Украинските нацисти затворени во „Азовстал“ имаат само еден скромен извор на вода и голем број ранети. Сега ја обезбедуваме зоната на контрола, ја поткопуваме линијата на контакт онаму каде што е потребни, ги повлекуваме армиските единици во други правци и оставаме доволно сили да го држиме непријателот под притисок од сите страни – вели Ходаковски на својот канал на Телеграм.
Истовремено, за тешката ситуација во која се наоѓаат припадниците на баталјонот „Азов“ сведочи и вознемирувачко видео, објавени на социјалните мрежи, на кое се гледа состојбата на ранетите во „Азовстал“, чии рани буквално се распаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.