Европската унија мора да стои цврсто, додека руските напади во Украина се засилуваат. Може да се види дека нападите се интензивираат, што е многу загрижувачко и сериозно, изјави францускиот министер за европски прашања, Клемент Бон.

Според него, рано е да се проценат последиците од пожарот, што избувна во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Тој ја даде изјавата за новинарите пред состанокот на министрите за европски прашања на ЕУ, што се одржува во Арл, јужна Франција.

Пожарот што избувна во зграда за обука, близу најголемата нуклеарна централа во Европа, во време на интензивни борби меѓу руските и украинските сили, беше изгаснат. Украинската државна служба за итни случаи го отврди ова утринава.

Министерката за енергетика на САД, Џенифер Гранхолм информираше дека нема индикации за зголемено ниво на радијација во централата Запорожје, што обезбедува повеќе од една петтина од вкупната електрична енергија произведена во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.