„Блумберг“ пишува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ќе инсистира на мировен договор за ставање крај на војната во Украина, доколку биде избран за нов претседател на САД.
Според извори на „Блумберг“, се разговара за можноста за одржување на мировен самит со учество на претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски веднаш по евентуалната победа на Трамп на американските претседателски избори.
Со цел да ја принуди Украина на мировни преговори, Трамп би можел да ја намали воената поддршка. Во исто време, зголемувањето на воената поддршка само ризикува да ја испровоцира Русија, предупредуваат авторите на написот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.