Руското регулаторно тело за медиуми Роскомнадзор денеска официјално го вклучи Инстаграм во листата на забранети сајтови, со што во Русија целосно се блокирани социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Инстаграм и другите мрежи, како и независни медиуми, се блокирани по барање на државното обвинителство.
Откако Фејсбук времено им дозволи на корисниците на некои земји да повикуваат на насилство против руските војници, руското обвинителство поднесе пријава против компанијата Мета како „екстремистичка организација“ и побара забрана на руска територија.
Претставникот на Мета (Фејсбук), Енди Стоун изјави за Си-Ен-Ен дека времено се толерираат политички изјави кои обично ги прекршуваат правилата на Фејсбук, како што се насилничките изјави.
Ние сè уште нема да дозволиме такви повици за насилство врз руските граѓани, истакна Стоун.
Руското обвинителство остро ја критикуваше компанијата, наведувајќи дека таа формира поим за дозволеност на тероризмот и поттикнува ширење омраза и непријателство кон граѓаните на Русија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.