Американскиот државен секретар Ентони Блинкен зборуваше на заедничка прес-конференција по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој вели дека е благодарен што се вратил во Израел во „неверојатно тешко“ време за целиот свет.

Невозможно е да гледам фотографии од убиени семејства и да не мислам на сопствените деца. Бебиња заклани, осквернавени тел, млади живи запалени, жени силувани, родители егзекутирани пред нивните деца, деца пред нивните родители. Како можеме воопшто да го разбереме тоа – рече тој.

Тој ја пофали и „храброста на израелските граѓани“.

Пораката што му ја носам на Израел е ова – можеби сте доволно силни за да се одбраните, но додека постои Америка, никогаш, никогаш нема да морате – рече тој.

Секој кој сака мир и правда мора да го осуди владеењето на теророт на Хамас. Хамас има само една агенда – да го уништи Израел и да ги убива Евреите, вели Блинкен.

Сепак, тој предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.