Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порачал на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека зголемените тензии на Блискиот Исток „не се во ничиј интерес“ и ја истакнал потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти американскиот Стејт департмент

Државниот секретар ја потврди силната посветеност на САД за безбедноста на Израел и објасни дека ескалацијата на тензиите не е во ничиј интерес“, се наведува во соопштението.

Блинкен ја нагласил „итната потреба од прекин на огнот во Газа“, што може да помогне во ослободувањето на заложниците кои се држат во енклавата и „да се создадат услови за да се обезбеди стабилност во поширокиот регион“.

Еден ден претходно, Галант разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со својот американски колега Лојд Остин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.