Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.

Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.

Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.

Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.

Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.