САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница.

Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти, изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.

Тој упати повик до сите останати американски граѓани во Украина „веднаш да ја напуштат таа држава“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.