Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопшти Стејт департментот.

Хина ја пренесува Белата куќа во веста дека дека американскиот претседател не бил негов близок контакт.

„Државниот секретар ќе се изолира дома и виртуелно ќе работи. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да ги продолжи своите должности и патувања што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Шефот на американската дипломатија беше целосно вакциниран, вклучително и со засилена доза, а неколку дена не се видел ни со претседателот Џо Бајден.

Американскиот претседател не се смета за близок контакт на Блинкен, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.