Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во телефонски разговор го уверил соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум, дека САД ќе работат на обезбедување на целосно обновување на уставниот поредок по воениот удар во земјата.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент се посочува дека Блинкен разговарал и со француската министерка за Европа и надворешни работи Кетрин Колона за напорите за обновување на уставниот поредок во Нигер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.