Ако шефот на американската дипломатија сакаше да испрати порака за поддршка на Киев со пеење на „Rockin’ in The Free World“ во ноќен клуб во главниот град на Украина во вторникот вечерта, во средата многу Украинци го сметаа неговиот настап како несоодветен среде руската офанзива на североисток, анаизираат француски медиуми.

И еден збор е доволен за да се опише синоќешната ноќ на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, а тоа е – „несоодветно“, напиша на Фејсбук Свитлана Матвиенко, директорка на невладина организација специјализирана за политички анализи.

Како и многу нејзини сонародници, таа рече дека е „изнервирана“ од настапот на Блинкен бидејќи регионот Харков во североисточна Украина беше „урнат“ со еднонеделна руска офанзива и го осуди „целосниот недостаток на разбирање на ситуацијата“ и „ емпатија“ од американски официјални претставници.

Пристигнувајќи во ненадејна дводневна посета на Киев, каде што продолжи да ја демонстрира поддршката на САД за Украина, Блинкен во вторникот го заврши напорниот ден исполнет со официјални средби, вклучително и со претседателот Володимир Зеленски, свирејќи на гитара и потпевнувајќи ја таа песна во клуб на приземје во центарот на главниот град.

Знам дека ова е многу, многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани, особено на североисток, во Харков, многу страдаат. Но, тие треба да знаат, вие треба да знаете дека САД се со вас, рече тој пред да започне да свири.

За Бохдан Јаременко, пратеник од претседателската партија и поранешен дипломат, контекстот е лошо избран по неколкумесечните одложувања на американската воена помош за Украина што ги ослабе украинските сили на бојното поле.

„Пораката не е комплицирана, но не успеа“, напиша тој на Фејсбук.

„Со сета почит, ова е грешка“, коментираше во ист тон Валери Чали, поранешен украински амбасадор во САД.

Музичкиот настап на Ентони Блинкен го навлече гневот на Украинците на социјалните мрежи, при што некои корисници ги критикуваа американските власти за бавното темпо на американската воена помош.

„Посета формирана од неуспех во комуникацијата“, резимира Сергиј Сидоренко, уредник на влијателната информативна страница Европејска Правда, на Фејсбук. „Јавните предупредувања испратени не функционираа онака како што планираа нивните автори“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.