Бил Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа по богатство беше надминат од основачот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос. Сепак, кога станува збор за богатството, тој се уште е меѓу светската елита.
Како што пренесува „Zippia“, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на животот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од таа сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа е 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.
„Мајкрософт“ и инвестиции во недвижен имот
„Мајкрософт“ е еден од изворите на заработка на Гејтс. Откако ја основаше компанијата со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се инвестиции во недвижнини.
Најголем дел од заработката ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, пренесува „Кликс.ба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.