Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија.

„Би-Би-Си“ во петокот соопшти дека го прекинал известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести.

Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија – се наведува во соопштението на „Би-Би-Си“.

Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.

Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден – се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.