Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и почнал со хемотерапија.

Ова денеска го изјави добро информиран извор и додаде дека почнал со интензивна терапија, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден Берлускони го посетиле неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.