Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони нема да учествува во новата влада поради „тешка повреда”, им порача денеска на членовите на неговата партија Форца Италија.
„Не прифатив институционална улога во оваа влада иако ја заслужив“, рече Берлускони на партискиот состанок во Милано.
Тој изјавил дека паднал и дека лекарите рекле дека е чудо што се уште е жив. Тој додаде дека продолжил со кампањата пред изборите и покрај тоа што има болки од несреќата. Лекарите рекле дека болката на крајот ќе се намали.
„Но, без разлика дали седам или стојам, сепак размислувам рационално“, рече Берлускони, додека членовите на партијата аплаудираа.
Во изминатите месеци тој веќе беше хоспитализиран неколку пати откако се зарази со Ковид-19 во септември 2020 година.
Берлускони се врати во Сенатот кога конзервативната партија Форца Италија стана дел од новата владејачка коалиција во Италија од септемвриските избори. За него нема место во новата ултрадесничарска влада, а медиумите шпекулираа дека можеби ќе ја добие функцијата претседател на Сенатот.
Но, таа позиција, која е втора по важност по позицијата шеф на државата, му припадна на ултрадесничарот Игнацио Ла Руса, кој е член на радикалната ултрадесничарска партија Браќа на Италија на новата италијанска премиерка, Џорџа Мелони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.