Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди дека недостигот во синџирот на снабдување поради војната во Украина ќе биде сериозен и може да доведе до нови конфликти во веќе ранливите земји.
Таа нагласи дека Германија треба да одржува контакт со авторитарните режими дури и ако тие не ги делат нивните вредности и да не молчи за прашања од економска и енергетска важност, пренесува Ројтерс.
Бeрбок, којa денеска ја претставува новата стратегија за национална безбедност, додаде дека Берлин ќе развие и нова „кинеска стратегија“, земајќи ја предвид нестабилноста во земјите каде Кина инвестирала во инфраструктурата, како што се африканските земји, пишува Дојче веле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.