Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува дополнителен бран бегалци од Украина.

Мора да бидеме свесни дека повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина досега, но мора да сметаме дека уште неколку милиони ќе избегаат – рече таа пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Според неа, се проценува дека ЕУ ќе мора да прими осум милиони бегалци од Украина.

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, пред две недели предвиде дека околу пет милиони бегалци од Украина ќе пребегнат во Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.