Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека неговата држава ќе го прекине учеството во, како што наведе, спорниот Договор за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), кој некогаш беше темел на безбедноста на континентот.
Лукашенко пред Парламентот, во кој неговата партија има мнозинство, претстави нацрт-закон за повлекување од договорот.
Договорот, потпишан во 1990 година, поставува ограничувања за бројот на тенкови, борбени возила, воени авиони и тешка артилерија што може да бидат распоредени во Европа.
Договорот беше насочен кон одржување воена рамнотежа меѓу Западот и земјите кои некогаш беа дел од Варшавскиот пакт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.