Ситуацијата со новозаразени од Ковид-19 се стабилизира во Белгија последните денови, но подваријантата БА.2 загрижува, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Универзитетската болница во Лувен алармира дека бројот на инфекции од подваријантата БА.2 е дупло зголемен за една недела, и дека не може да се исклучи втор пик на инфекции поради овој нов сој.
Болницата во својот извештај констатира дека БА.2 се пренесува уште побрзо од изворниот сој омикрон, БА.1.
Здравствените експерти се надеваат дека поради огромниот број на заразени за време на бранот со омикрон, населението стекнално солиден имунитет за да се избегне нов бран, но бараат да се остане внимателен.
Општата слика со новозаразени во Белгија е подобрена последните денови, и бројките од стабилни почнаа да се намалуваат. Но, бројот на хоспитализирани уште расте иако расте побавно. Бројот на починати исто така е зголемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.