Откако руската државна компанија „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Холандија во соседна Белгија велат дека засега нема индиции дека истото би можело да им се случи ним, ниту пак дека има потреба од активирање на националниот план за вонредни состојби за природен гас.
Во моментов нема индикации дека ќе престане испораката на гас за Белгија. Но, Белгија е целосно подготвена. Подобро е да се спречи отколку да се лечи – изјави белгиската министерка за енергетика Тина ван дер Стретен.
Таа додаде дека ЕУ е веќе подобро организирана и тоа со заедничко купување гас, забрзување на енергетската транзиција и намалување на потрошувачката на енергија.
Во исто време, белгискиот премиер, Александар Де Кро, од Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел порача дека ЕУ ја достигнала границата за енергетски санкции со договорот за ембаргото на руската нафта, со што ги отфрли наводите за можноста за забрана на увоз на гас од Русија како следна фаза на рестриктивни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.