Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно шпионирање и претставување закани за безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи.

Руските дипломати се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен.

Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание, изјави портпаролот на Министерството.

Холандското Министерство за надворешни работи, исто така, денеска протера 17 руски разузнавачи кои беа акредитирани како дипломати, врз основа на информации од сопствените безбедносни служби, соопшти холандското МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.