Војната во Украина е „стратешка катастрофа за Русија“ и „стратешки неуспех за Путин“, сметаат од Белата куќа.
Портпаролката, Кејт Бедингфилд, изјави дека сега има „неоспорни докази“ дека војната, која трае повеќе од еден месец, не го постигнала она што рускиот претседател Владимир Путин сакал да го направи и дека Кремљ сега се обидува да ги „редефинира“ своите првични цели.
Видовме неоспорни докази дека ова е стратешка катастрофа за Русија. Видовме дека ова беше стратешки неуспех за Путин и за Русија. Тие работат на редефинирање на првичните цели на нивниот напад. И одново и одново видовме дека санкциите што се применуваат нанесуваат екстремни трошоци за нивната економија – вели Бедингфилд.
Таа најави и дополнителни санкции против руските технолошки компании кои ја овозможиле „војната на Путин“.
Ќе ги спречиме да набавуваат западна технологија и да ги избегнат нашите строги санкции. Ние, исто така, ги прошируваме нашите овластувања за санкции за да таргетираме дополнителни сектори на руската економија, важни за Путин, вклучително авијацијата, транспортот и електронскиот сектор – додаде Бедингфилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.