Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на Русија во боева готовност е како дел од поширокиот шаблон на неиспровоцирана ескалација и „производство на закани“ од Кремљ, изјавија денеска од Белата куќа.
Ова навистина е шаблон што го гледаме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, а тоа се производство на закани кои не постојат за да се оправда понатамошна агресија и меѓународната заедница и американскиот народ треба да гледаат на ова преку таа призма.
Ние се спротивставуваме на тоа и имаме капацитет да се одбраниме, и да повикаме гласно за тоа што Путин го прави – изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во интервју за „Еј-би-си“.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Псаки изјави дека САД се подготвени да испратат повеќе хуманитарна, економска и одбранбена поддршка за Украина во нејзиниот отпор против тековната инвазија на руски воени сили во земјата.
Би сакала да истакнам дека санкциите што ги објавивме вчера ја ставаат Русија во исто друштво со Иран, отсекувајќи ја од банкарскиот систем на глобалната заедница, изјави Псаки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.