Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, нема да му се извини на новоизбраниот прв човек на САД, Доналд Трамп, за тоа што го нарече „закана за демократијата“, објави Белата куќа.
Изборите поминаа, важно е да се почитуваат нашите институции, да се почитуваат фер и слободни избори, тоа го прави претседателот. Тој го става американскиот народ на прво место. Но, она што го рече претседателот Бајден сè уште стои, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Таа истакна дека зборовите на Бајден не се само пропаганда.
Сепак, според неа, трансферот на власта е „исто така демократски принцип“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.