Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, порача дека Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е во руски раце од март.

Таа додаде дека руските сили треба да им дозволат на меѓународните претставници да ја проценат безбедноста на локацијата.

Жан-Пјер, исто така, објави дека за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.

Бајден разговарал со Зеленски и по повод Денот на независноста на Украина, кој беше прославен вчера. Американскиот претседател ја потврдил поддршката на Вашингтон за Украина.

Знам дека ова е годишнина и на тага и на радост, но јасно кажав дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ додека се борат да го заштитат својот суверенитет – напиша Бајден на Твитер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.