Националниот советник во Белата куќа, Питер Херел, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, планира да ги поштеди обичните руски граѓани од американски извозни контроли во случај Русија да ја нападне Украина, туку ќе се фокусира на одредени руски индустриски и технолошки сектори.

„Клучните луѓе“, исто така, ќе се соочат со „значителни санкции“ – додаде високата економска претставничка Теа Кендлер

Санкциите би можеле да ја таргетираат руската економија, што значело дека би биле погодени индустрискиот и технолошкиот сектор, поточно се споменува производството на паметни телефони.

Не можеме да ја предвидиме секоја акција, но намерата е да се деградираат руските индустриски капацитети и производство, а не да се таргетираат поединци, односно секојдневни руски потрошувачи – истакна Херел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.